МНОГУ ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА: НАВРНАА ДУРИ 61 Л/М2 ВОДЕН ТАЛОГ! СЕ ОЧЕКУВААТ НОВИ ВРНЕЖИ, ДОДЕКА СНЕГ ЌЕ ИМА САМО НА ВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ!
Во текот на изминатите 24 часа територијата на Македонија беше зафатена од ГОЛЕМ Медитерански влажен бран кој на секаде услови врнежи од дожд. На повеќе места врнежите беа ИНТЕНЗИВНИ а дуваше и засилен, повремено и локално и СИЛЕН јужен ветер. Најголема брзина на ветерот е забележана во Крива Паланка (и тоа до 61 км/час).
Најмногу дожд досега наврна на Попова Шапка и тоа дури 61 л/м2, во Тетово наврнаа 37 л/м2, Лазарополе и во Маврово по 30 л/м2, Скопје – Петровец 22 л/м2, Охрид 14 л/м2, Скопје Зајчев рид 11 л/м2, додека на другите места количеството на наврнат воден талог изнесуваше под 10 литри.
Претпладнево на највисоките планиски места во Македонија врне снег каде е формирана и снежна покривка.
Инаку и понатаму продолжува МНОГУ ПРОМЕНЛИВОТО време со чести врнежи и тоа некаде до среда. Од четврток времето ќе биде постабилно. Температурите нема многу да се менуваат о однос на денешните.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]

by