“Мини Лето во Македонија”: Денес и утре (петок) натпросечно топло со температури до околу 30 степени!
Денес (четврток) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво, сончево и топло, со појава на умерена локална облачност, додека утре (петок) повторно на кратко и локално ќе има услови за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Денес (четврток), како и утре (петок) повремено ќе засилува и ветерот од југозападен правец, особено во западната половина од државава и во Пелагониско.
Во Скопскиот регион денес (четврток) времето ќе биде стабилно, суво, сончево, и топло со појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре (петок) во делови од регионот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бележат тенденција на пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14, што значи дека тие ќе бидат во позначителен пораст, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 11 и 13 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува до околу 27 степени.
НАПОМЕНА: Овие температури кои ќе ги имаме денес и утре (петок) ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by