“Мини лето”: Пријатно топли есенски денови пред нас!
Во деновите кои се пред нас ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд.
Ќе биде пријатно топло преку ден, што значи дека температурите на воздухот ќе бидат околу просекот за овој период од годината.
Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат до околу 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 27 степени.
Да напоменеме дека и во следниот период ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
И во првите денови од месец Октомври ќе имаме “Мини лето” со пријатни температури на воздухот преку ден, а вие овие денови максимално искористете ги за уживање, или пак за правење на зимница.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]

by