МЕТЕОАЛАРМ ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Релативно ладното време продолжува, локално со дожд и снег!
Во Македонија продолжува променливото и релативно ладно време. Утре (петок 14.2.2025) повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец, а во (сабота 15.2.2025) ќе засилува ветерот од северен правец.
Времето ќе биде променливо облачно, повремено со повеќе облачност а ќе има и послаби локални врнежи кои на планините, секако, и на Скијачките центри ќе бидат од снег (што значи дека снежната граница ќе биде некаде со висина од над 1400/1500 метри надморска височина).
Во Скопје и околината ќе биде претежно суво и претежно облачно со повремено засилување на ветерот од југоисточен и од северен правец. Има мали услови во делови од котлината за сосема слаб дожд.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот од 3 до 11 степени, само во југоисточните предели таа би можела за степен, два да биде повисока. Во Скопје пак наутро температурата ќе се спушта до околу 0 степени, а преку ден таа ќе се искачува до околу 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by