“МЕТЕОАЛАРМ” СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Соседна Грција попладнево и вечерва ќе биде погодена од силно невреме
Почитувани мои, за сите вие кои планирате попладнево и вечерва да патувате во соседна Грција, но и вие кои сте на одмор таму, попладнево и вечерва да бидете крајно внимателни поради тоа што очекуваме силно невреме и поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и со појава на силен град.
Особено силни атмосферски процеси очекуваме во централна и во јужна Грција.
Во ваква ситуација можни се и поројни поплави, дури се можни и Суперкелии кои би можеле да предизвикаат и да развијат торнадо во одредени места од оваа земја. Слична ситуација очекуваме и во Турција, со што и во оваа земја очекуваме појава на локални но силни временски непогоди денес попладне и навечер.
Почитувани, на следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување на невреме “НОТАС” токму за местото каде што се наоѓате во моментов https://nothas.finki.ukim.mk/
Следете ја алатката НОТАС која е од голема корист за секој.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]