МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 24 часа ќе дува силен ветер (над 70 км/час)
Територијата на нашата Република Македонија во следните 24 часа ќе се наоѓа под периферно влијание на ладен бран кој е со потекло од север и од североисток. Во ваква ситуација, кај нас во нашата Македонија, и тоа особено во Повардариете и во источните предели ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец.
Повремено и локално ветерот во овие предели ќе достигнува брзина од над 70 км/час.
И во Скопскиот регион во следните 24 часа повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (повремено во делови од колтината и со брзина до околу, па и над 60 км/час).
Апелирам, поради очекуваниот силен ветер, граѓаните да бидат повнимателни,и да избегнуваат да ги ставаат своите возила во близина на дрвјата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]