МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме во Македонија и силен ветер, заштитувајте ги автомобилите!

Со оглед на тоа дека во следните денови, особено до сабота (15 март)  во нашата Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (над 75 км/час), апелирам, граѓаните да внимаваат како ги паркираат своите автомобили, односни истите да бидат понастрана од дрвјата, со цел да не дојде до штети на истите, поради тоа што се работи за изразено силен ветер.

Локално поак се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер, но ќе има услови и за појава на град.

Невообичаено топлото време продолжува до крајот на оваа седмица, па така температурите речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу 25 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат дури и до околу 30 степени.

Сето ова е поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој напоменав дека доаѓа од Атлантикот.







Занимливости