“МЕТЕОАЛАРМ” ОФИЦИЈАЛНА НАЈАВА: Големиот снежен бран ни е загарантиран – Доаѓа овој викенд и ни носи многу снег!
Снежниот бран во Македонија ни е загарантиран и тој доаѓа веќе од овој викенд, и ќе трае до почетокот на следната седмица. Станува збор за навлегување на голем влажен воздушен бран од југ и југозапад кон нашата територија, во исто време од север ќе се спушта многу ладен воздух кој ќе услови големо заладување на времето и засилен ветер од северен правец.
Сето ова ќе биде проследено со пообилни врнежи кои полека насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег, па така насекаде во Македонија, вклучивајќи го и Скопскиот регион, како и котлината ќе се формира снежна покривка. На повеќе места ќе се формира позначителна снежна покривка со висина од над 20 сантиметри, локално и над 30 сантиметри (во градовите), додека на планините и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу едно метро.
Во Скопје и околината се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, можно е и повеќе, а на околните планини таа ќе биде значително повисока.
На Метеоролошката карта можете да видете дека снег ќе има насекаде во Македонија со овој голем снежен и ладен бран.
Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде наутро ќе се спуштаат под нулата, а и дневните температури на многу места ќе се движат близу или околу нулата, локално и под нулата, а за неколку степени над нулата температурата ќе се движи во крајните југоисточни предели од Македонија. На повисоките населени места, како и на планините и секако на Скијачките центри, температурите постојано ќе бидат под нулата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]