“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА ЗА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Во понеделник (16 Декември) наутро и до -10 степени
По влажниот и ладен бран од север овој викенд, кој ќе донесе дожд, снег, ветер, како и зголемување на снежната покривка на планините,, во понеделник на 16 Декември, и тоа поради разведрувањето, утрото ќе биде значително постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, а на планинските и повисоките места тие се очекува да се спуштат до околу, па и под -10 степени.
Во Скопскиот регион тоа утро температурата ќе се спушти само за некој степен под нулата, што значи Скопје ќе биде еден од градовите со повисока температура во понеделник наутро.
Сепак, преку ден во понеделник ќе остане сончево, но и значително поладно а ќе засилува и ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.
Максималните дневни температури во понеделник во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели. Во Скопје максималната дневна температура во понеделник ќе се искачи до околу 9 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]