“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Во четврток накратко во попладневните часови, особено во западните предели се очекува дестабилизирање на атмосферата, пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Во четврток во попладневните часови, особено во западната половина од државава, и тоа претежно во планинските предели, како и во планинските предели од централниот дел од државава ќе има краткотрајно дестабилизирање на атмосферата.
Оваа дестабилизација на атмосферата ќе предизвика локално во горе споменатите предели да има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион не се исклучува можноста за ваквата појава, но условите за ова се помали.
Сепак и покрај ова, сушата која ја зафати нашата држава ќе се задржи и понатаму, што значи дека сепак се работи за краткотрајна и локална дестабилизација на атмосферата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by