“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Следуваат послаби локални врнежи од дожд, на планините над 1500/1600 м.н.в ќе провејува снег!
Во следните 24 часа над Македонија ќе имаме поголема облачност од југозапад и од запад, и истата повремено ќе условува локални но послаби врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина ќе провејува слаб снег.
Во следните часови, исто така ќе започне да засилува ветер од северен правец, особено Долж Повардарието и во Скопскиот регион секако.
И во Скопје и околината во следните 24 часа ќе има поголема облачност, ќе започне да засилува ветер од северен правец, а ќе има и услови за повремен послаб дожд.
Што се однесува до температурите, тие утре (понеделник) преку ден ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 8 до 14 степени, во Скопје до околу 10 степени, меѓутоа, од од утре (понеделник) доцна попладне и во текот на ноќта кон вторник ќе настапи понатамошно заладување на времето.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by