МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува сончево време, наутро многу ладно, преку ден значително потопло!
Многу ладните утра ќе ги имаме и понатаму, па така во следниот период, во утринските часови ќе имаме многу ладно време со температури кои насекаде ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места тие ќе се спуштаат и под -5 степени, додека во делови од Македонија, особено во повисоките населени места, планините, Скијачките центри, како и во Беровскиот регион тие ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.
Во Скопскиот регион температурата наутро ќе се спушта до околу -5 степени.
Максималните дневни температури пак во следниот период ќе бележат тенденција на голем пораст, и особено од утре (четврток 20 март) па во деновите потоа ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Времето ќе биде претежно сончево, со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, најпрвин од северен, а потоа од јужен и од југоисточен правец.
Токму поради очекуваните многу ниски минусни температури на воздухот, ги советувам и предупредувам земјоделците, навремено да си ги заштитат своите земјоделски култури, а особено овошките, и тоа поради што се во фаза на големо будење и расветување, поради невообичаеното топло време кое го имавме во изминатиот подолг период во нашата Република Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by