МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува северен ветер (до 60 км/час)!

Вечерва, како и утре (14 јуни сабота) во нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен тој ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Времето останува стабилно и суво, со поумерени температури на воздухот кои ќе бидат без поголеми промени, или за некој степен пониски.

Инаку, ние сме под влијание на умерен топол бран од Африка, и истиот не условува да имаме екстремно високи температури како минатото лето.







Занимливости