МетеоАларм најава: Повремено повеќе облачност, наутро ладно и со магла

Продолжува периодот на стабилно и суво време во Македонија со ладни утра  и температури преку ден кои ќе бидат над просекот за месец декември. Тоа значи дека остануваме под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ. Претежно ќе биде тивко и без ветер а наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла  и на значителна ниска облачност.

Сепак ќе имаме  и значителна облачност но без врнежи.

И во Скопје  и околината продолжува стабилното, суво и тивко време. Наутро и во ноќните часови во делови од котлината ќе има појава на магла  и на значителна ниска облачност.

Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места останвуваат да се спуштаат под нулата па така ќе има појава на мраз  и на слана. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени а тоа значи како што погоре напоменав ќе бидат над просекот за месец декември.

 







Занимливости