МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Од викендов полека влегуваме во поладен период!

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места  и на планините  и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.







Занимливости

  • 19 Мај 2025

    Во овие попладневни часови во нашата Република Македонија имаме појава на умерена облачност, а понатаму во следните часови ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Инаку, температурите  и не се воопшто високи како што доликува за овој период од годината, напротив, тие  и понатаму се потпросечни за овој период од годината. На метеоролошката карта [...]