“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Од 3 февруари, па во деновите потоа многу ладен бран доаѓа на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија!

Почнувајќи од 3 февруари (понеделник) па во текот на целата наредна седмица територијата на целиот Балкан, секако вклучувајќи ја  и нашата Република Македонија, ќе биде зафатена од многу ладен бран кој ќе се спушти од североистокот и истокот на Европа.

Овој ладен бран ќе услови многу ниски температури на воздухот и длабок минус, кој во следните мои метео објави ќе ве информирам како би се движеле температурите и до колку во минус ќе одат истите. Но едно е сигурно, се работи за изразен ладен бран.

Што се однесува до снегот, засега нема најава за некој изразен и голем снежен бран на Балканот и во Македонија, иако со овој ладен бран ќе има појава на повремен локален снег, но не со голем интензитет. Секако, промени околу ова  и понатаму се можни, па затоа како што напоменав, понатаму следува нова  и обновена метео анализа од моја страна токму околу ова.

До вечерва следува најново ажурирање на прогностичките модели, со што ќе следуваат најнови детални информации околу очекуваниот многу ладен бран кој ќе не зафати од 3 февруари (понеделник).








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]