МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во Македонија доаѓа нова тура на врнежи, грмежи и локално невреме!
Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во следните 24 часа во Македонија на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд, локално поројни и проследени со појава на грмежи, особено во јужната половина од нашата Македонија.
Локално пак, атмосферските процеси можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Апелирам, во случај на појава на невреме и на елекстрични празнења да се избегнува претстој на отворено, како и под осамени дрвја.
Граѓаните своите автомобили во случај на силен ветер да ги ставаат по настрана од дрвјата, особено оние кои се осамени.
И во делови од Скопскиот регион во текот на овој период ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Температурите остануваат релативно пониски и слични на денешните, или за некој степен тие ќе бидат пониски од денешните. Уште поголем пад на температурите ќе имаме кон крајот на работнава седмица, кога ќе има и пообилни врнежи на повеќе места во нашата Македонија, а на високите планини поради падот на температурите и продорот на ладен воздух од север и од североисток ќе има и врнежи од снег.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by