МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува повремено засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час)
Во следните 10 до 12 часа во Македонија ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен Долж Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Времето ќе биде претежно сончево и релативно студено, со појава на мала локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, кој во делови од котлината ќе достигнува брзина до околу 50/60 км/час. Максималната температура денес во Скопје и околината ќе се искачи до околу ѝ10 степени.
Повремено засилување на ветерот од северен правец ќе имаме и во текот на ноќта кон утрешниот ден (четврток).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by