“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Во следните часови доаѓа ново невреме во Македонија, апелираме на крајна претпазливост
Почитувани мои, како резултат на поладен атмосферски фронт во горниот слој од атмосферата, денес (петок) во попладневните и во вечерните часови повторно во Македонија растат условите за развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во ваква ситуација локално повторно ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град.
Најголеми услови за појава на невреме има во западните и во северозападните предели од државава, потоа во делови од Скопската котлина, во централните предели од Македонија, како и на југоистокот и истокот од Македонија. Се на се, локална појава на невреме ќе има на повеќе места во Македонија.
Апелираме во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, тие до крајот на денов повторно ќе бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степени, додека во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]