“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре (вторник) изутрина поради ниските температури, можна е појава на мраз и на слана!
Поради влијанието на студената воздушна маса која се спушти од север кон Балканот и во Македонија, но и поради целосното разведрување, утре (вторник) во утринските часови ќе биде особено студено, па така минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.
Поради ваквата состојба, на повеќе места во Македонија, особено во повисоките населени места, во Беровскиот регион,како и на планините е можна појава на слана и на мраз. Токму поради ова, апелираме земјоделците навремено да ги заштита своите земјоделски култури.
Инаку до среда температурите преку ден ќе бележат тенденција на постепен но не многу голем пораст, додека од четврток следува нова поголема промена на времето, пониски температури и пообилни врнежи од дожд.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by