“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следуваат обилни врнежи од дожд во Македонија, како и локално невреме
Почитувани мои, циклонскиот систем кој се разви над Средоземјето полека се движи према Јадранот. Во ваква ситуација, вечерва и во текот на ноќта, како и утре (вторник) ќе ја зафати и нашата Македонија и насекаде ќе донесе обилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи како и со засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. И во Скопскиот регион во текот на ноќта и утре (вторник) ќе има пообилни врнежи од дожд. Во делови од регионот тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. И во делови од Скопскиот регион можна е појава на невреме.
Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
На повеќе места ќе наврне значително количество на воден талог (над 20 л/м2), меѓутоа, локално тоа ќе биде и поголемо (над 30 л/м2).
Што се однесува до температурите, утре (вторник) ќе биде многу посвежо од денес, со максимални дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]