“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Денес попладне во планинските предели е можна појава на невреме

Алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” за денес попладне предвидува ниво 2 во Македонија, слаб ризик за појава на невреме. Меѓутоа, во планинските региони и тоа особено во западните и во северозападните предели таа проценува  и ниво 3, тоа значи засилен ризик од невреме, проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можност за појава на град.

Барем според сегашните проценки на оваа алатка, во Скопје и во останатите градови ќе биде релативно мирно. Со исклучок на некои градови кои се во близина на планините каде е можна појава на краткотрајна нестабилност.

Инаку, како што веќе најавив од денес ќе имаме екстремно топло време со температури кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи и до околу 40 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката “НОТАС” и истата е од голема корист за секој од нас https://nothas.finki.ukim.mk/







Занимливости

  • 21 Мај 2026

    Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота  и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]