МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Балканот под топлотен бран, очекуваме температури до околу 30 степени, но и временски непогоди!
Се прашувам, дали календарски сме сеуште зима, или пак лето, зошто? Оваа седмица, односно, во периодот од 10 март (денес понеделник), па се до 17 март (следниот понеделник) југоисточна Европа ќе се соочи со уште потопло време со рано – летни температури на воздухот кои во делови од регионот, како и во нашата Македонија ќе надминуваат 25 степени, а можно е дури истите да се искачат и дури околу 30 степени.

Исто така, Балканот во споменатиот период го очекува многу променливо и нестабилно време, а постои опасност и од локални поголеми невремиња и поплавувања, променливо и нестабилно ќе биде и во нашата Македонија, а ова ќе биде проследено со засилен до силен јужен и југозападен ветер (над 75 км/час). Метеопати, бидете внимателни деновиве, поради тоа што Биометеоролошките услови ќе бидат крајно неповолни, а исто така проблем ќе прави и транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашиот дел од Европскиот Континент.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by