МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА РЕГИОНОТ ВО ПЕРИОДОТ ОД 31.5.2024 ДО 3.6.2024: ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ЛОКАЛНО СИЛНО НЕВРЕМЕ И ПОПЛАВИ!
Во периодот од 31 мај па се до 3 јуни и тоа под влијание на циклонска активност и тоа со центар над северна Италија, во најголем дел од регионот се очекува многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер.
На повеќе места ќе се создадат услови за олујно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, силни грмежи, бурен ветер и силен град – можни се локални поплави, особено во делови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и северот на соседна Србија.

Препорачуваме крајна внимателност! И во Македонија во овој период локално постои можност за локално поголемо невреме, што значи и покрај топлиот бран од Африка, стабилизирање на времето нема да имаме.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by