МЕТЕО НАЈАВА: Заборавете на дебелите јакни во следните 10 дена – Се очекуваат пролетни температури и до 20 степени!
Првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок. Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот “Зевс”.
Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени. Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.
Според моменталните анализи со кој располагаме, враќањето на зимата и на снегот ќе ги очекуваме по 10 февруари.
НАПОМЕНА: Во следните 10 дена заборавете на дебелите јакни, капи, шалови и чизми, а снегот и студот ќе го чекаме по 10 февруари.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]