МЕТЕО НАЈАВА: За време на викендот многу постабилно и посуво време, наутро значително постудено, преку ден потопло!

По подолгиот период на многу променливо и нестабилно време, и со чести врнежи, како и со потпросечни температури за месец септември, конечно за време на викендот ќе можеме да уживаме во многу повеќе сончеви периоди. Сепак, и покрај ова ќе има појава на умерена локална облачност, а особено во сабота во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд (ништо посебно).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во сабота.

Поради разведрувањето, ноќите  и утрата ќе бидат многу посвежи, па дури и студени, со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени. Во Скопје за време на викендот наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 12 степени, а преку ден таа ќе се искачува до околу 25 степени.

Уживајте во викендот кој е пред нас.







Занимливости