МЕТЕО НАЈАВА ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД: Стабилно, суво и студено – Ќе има појава на мраз!
За време на овој продолжен празничен викенд во Македонија ќе има стабилизирање на временската состојба. Ќе има повеќе сонце, но останува студено, особено во ноќните и во утринските часови.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, со што речиси насекаде низ државава ќе има појава на мраз. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Да напоменеме дека ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Слаби врнежи од дожд на ниските места (градовите) и слаб снег на повисоките места и на планините и тоа особено во северозападните предели од државава ќе има во недела доцна попладне и рано навечер.
Во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно и суво време со повеќе сонце. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и -1 степен, а максималната температура ќе се спушта во интервалот помеѓу 5 и 8 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]