МЕТЕО НАЈАВА: Следува подолг период на променливо време со дожд и снег!
Од утре (среда), а особено од четврток 5.12.2024 следува подолг период на променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, каде очекувам зголемување на снежната покривка. Повремено, и тоа особено во западните предели снег ќе врне и на повисоките места, па така услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места, односно на надморска височина до околу 1000 метри, а таа повремено би можела да се спушти и под 1000 метри.
Ќе биде претежно тивко, а поветровито време очекувам во недела, и тоаш ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопскиот регион, исто така особено од четврток (5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, а повремено на околните планини ќе има услови и за повремен снег. Во недела ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, наутро тие на повеќе места ќе бидат позитивни, односно над нулата, освен на високите места и на планините, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, а во четврток тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by