МЕТЕО НАЈАВА: Од утревечер, а особено во четврток нови врнежи, локално поројни и проследени со грмежи, на планините повторно снег!
Под влијание на нов влажен бран од утре вечер, а особено во четврток на повеќе места низ Македонија ќе има нови врнежи од дожд на пониските места, како и врнежи од снег на планините со надморска височина од над 1400- 1500 метри.
Сепак овој пат локално повторно врнежите ќе бидат обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот. Значи очекуваме појава на нестабилност.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Во Скопје и околината исто така очекуваме нови повремени врнежи од дожд во делови од котлината, а можна е и локална нестабилност проследена со грмежи и засилување на ветерот.
НАПОМЕНА: Ветерот овој пат ќе биде од југозападен и од западен правец.
Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени во најтоплите централни и југоисточни предели, што значи ќе имаме посвежо време. Наутро пак температурите утре и во четврток ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]