МЕТЕО НАЈАВА: Од недела повторно загаден воздух и магла по котлините!
По краткотрајниот продор на влажен и студен воздушен бран од север кој услови врнежи од дожд и снег, повторно во следните денови ќе имаме стабилно, суво и сончево време, особено на повисоките места и на планините. По котлините пак ќе има појава на магла и на ниска облачност, која понекаде би можела да се задржи во текот на целиот ден и таа да биде густа.
Маглата во котлините би можела да се задржи во поголемиот дел од следната седмица, а со ова расте и загаденоста во воздухот во градовите, особено таму каде што ќе биде присутна маглата и ниската облачност.
Во Скопската котлина исто така очекуваме формирање на магла и на ниска облачност, па така и загаденоста ќе се зголеми во следните денови.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулат, или за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени, меѓутоа во котлините со магла и со ниска облачност температурите ќе останат пониски.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Топлата воздушна маса која условува Мини Лето во Македонија продолжи и во текот на денешниот ден. Најтопло до 17 часот попладнево беше во Гевгелија каде се измерени 28 степени. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.