МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ЈУЛИ 2023: МНОГУ ГОЛЕМ РИЗИК ЗА НОВИ ПОПЛАВИ И ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Јуни месец, како што и прогнозиравме помина во знакот на многу чести временски непогоди во Македонија, но и во целиот регион, поплави, свлечишта и крупен град кој направи големи штети насекаде. Токму ова е поради метеоролошкиот феномен “ЕЛ НИЊО”, кој носи многу топло време ширум Европа, но не и кај нас. Ние сеуште немаме големи топлотни Африкански бранови, а и под знак прашалник е тоа дали и воопшто ќе ги имаме оваа година истите во нашиот дел од Европскиот Континент.

Според најновите метео анализи,  месец јули ќе ни донесе нови и чести големи временски непогоди (поплави, крупен град, олуен ветер, многу громови и големи штети). Врнежите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за месец јули, а барем одсега гледано и не се очекува некој екстремно топол Африкански бран.

Нови големи временски непогоди и поплави во текот на јули, освен на Македонија, му се закануваат и на целиот регион.

Да бидеме подготвени за нови и сериозни временски непогоди!

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!