Медитерански влажен бран во Македонија ни донесе обилни врнежи
Во овие попладневни часови речиси насекаде во Македонија е облачно и врнежливо со повремено пообилни врнежи од дожд а дува и умерен а повремено и локално и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Инаку како што претходно најавив територијата на Македонија подпадна под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот.

Најмногу дожд во изминатите 9 часа до 17 часот попладнево наврна во Претор и тоа 18 литри на метар квадратен дожд.
На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите измерените максимални температури на воздухот до 17 часот попладнево по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 9 часа исто така до 17 часот попладнево и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by