МЕДИТЕРАНСКИ ВЛАЖЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА: Очекувајте врнежи, пообилни во западните предели!
Пов влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, денес (среда, како и утре, четврток) во Македонија ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните предели повремено ќе бидат поројни и со услови за ретка појава на грмежи. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопскиот регион за време на овој влажен Медитерански бран ќе има појава на повремен дожд со послаб интензитет. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Да напоменам, дека повремено на повисоките планини со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, во Скопје таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]


by