МЕДИТЕРАНСКИ ЦИКЛОН ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ЧЕСТИ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И НЕВРЕМЕ!
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, и на влажна и нестабилна воздушна маса, од денес па во текот на целата недела времето во Македонија ќе биде многу променливо и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд.
Од пладневните часови ќе биде и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ваквата метеоролошка состојба АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат ПРЕТПАЗЛИВИ.
Локално во текот на седмицата ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 50 л/м2). Постои опасност од локални поплавувања.
И во Скопскиот регион понатаму ќе има почеста појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ.
Температурите остануваат без промени и на многу места истите ќе се искачуваат над 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачува и над 25 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by