Медитеранска влажна и нестабилна воздушна маса ни носи обилен дожд и невреме!
Под влијание на Медитеранска влажна и нестабилна воздушна маса, утре (четврток 17 април) и ноќта кон петок (18 април) во Македонија ќе имаме на повеќе места повремени врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.
Особено пообилни врнежи ќе има во западните предели (локално над 20 литри дожд на метар квадратен). Локално во овие предели процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен јужен и југоисточен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината за време на овој Медитерански влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Температурите и покрај ова, остануваат пролетно високи.
Да напоменам и предупредам, во случај на појава на електрични празнења, апелирам, граѓаните да избегнуваат претсој на отворено и под осамени дрвја, исто така, граѓаните, да ги заштитат своите автомобили поради очекуваниот силен ветер, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by