(МАПА) Моментална состојба со пожарите на отворено во Македонија според (ЦУК)
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините:
– Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)
-Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума)
-Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација)
– Општина Студеничани место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);
– Општина Штип помеѓу селата Драгоево и Селце, с.Пухче и с. Пиперово (ниска вегетација и грмушки )
-Општина Чашка кај с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација)
-Општина Македонски Брод с. Слатина , кај Грешница (нискостеблеста шума, ниска вегетација)
-Општина Проби Штип кај с.Гајринци(нискостеблеска и висока трева)
-Општина Чашка, кај с.Подлес (ниска стеблеста,деградиране шума и ниска вегетација)
-Општина Битола кај м.в Смолево (ниска вегетација и шума)
-Општина Прилеп, с.Небрегово(ниска вегетација и шума)
-Општина Долнени с. Небрегово (Нискостеблеста шума) удар од гром
-Општина Штип, кај Пепелиште(ниска вегетаицја)
Пожари под контрола
Вкупно 4
– Општина Долнени с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума)
– Општина Делчево (градска депонија)
– Општина Македонски Брод : с.Девич (дабова шума)
– Општина Радовиш ,с. Штурово ( мешовита шума)
Пожари локализирани
Вкупно 2
-Општина Василево : помеѓу селата с.Вељуса и Ангелци (ниска вегетација)
-Општина Конче: с Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума)
Изгаснатии пожари
Вкупно 9
– Општина Росоман 2 пожари:с.Трстеник, с.Манастирец (ниска вегетација)
– Општина Ново Село: с.Бадилен (дабова шума и борова шума)
– Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума)
– Општина Виница: Ромско маало (ниска вегетација)
– Општина Струга 2 пожари; с.Татеш(стрниште) и с.Велешта(стрниште).
– Општина Струмица; Клучката кон с.Попчево на регионалниот пат Струмица –Валандово(ниска вегетација и капини)
– Општина Битола: Гермаски гробишта нас.Баир (Ниска вегетација и шума);
– Општина Чашка: 2 пожари меѓу с.Јаболчиште и с.Раштани (ниска вегетација)
– Општина Прилеп 3 пожари: кругот на ,, Црн Бор ” и,, Бин- Фут” (ниска вегетација) м.в „Расомбегово“ (ниска вегетација), с.Кошино (ниска вегетација и шума)
Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот на м.в.Смолево (Општина Битола) во 23.00 часот. На терен во гаснењето биле активни повеќе од 50 луѓе и пожарот е локализиран но се уште постои опасност, бидејќи еден крак од истиот е се уште активен во густа борова шума и е во правец на с.Буково. До овој момент не се загрозени населени места и објекти. Командирот на ТППЕ Битола во раните утрински часови (05.30 ч.) врши контрола на теренот и ќе одлучи како ќе продолжи гаснењето на пожарот. Во текот на ноќта очекувано се намали интензитетот на горење на оние места каде што пожарот е се уште активен. Пожарот е одалечен од НП,,Пелистер” околу 10 км.
Екипите од ТППЕ Прилеп кои го гаснеа пожарот во атарите на с.Слепче и Гостиражни се повлечени од терен околу 23.30ч. Пожарот е започнат на 13.07.2024 во атарот на с.Црнилиште (ЕЛС Долнени).Во моментот пожарот е локализиран.
Екипата од ТППЕ Прилеп која го гаснеше пожарот во атарот на с.Небрегово (Општина Прилеп) е повлечена од терен во 22.05часот. Пожарот е се уште активен во повисокиот дел бидејќи во текот на ноќта немало услови да се интервенира на тој дел.
Регионален ЦУК Струмица, известува дека пожарот помеѓу населените места Негорци и Кованец, во Општина Гевгелија, што избувна на 12.07.2024 година, се уште е активен но е ставен под контрола. Во текот на денот во 16.24 часот со два налети дејствуваше 1 (еден) словенечки хелихоптер и беше повлечен. Други сили 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Гевгелија, 17 вработени од Национални шуми ПШС „Кожув“ Гевгелија со 2 теренски возила и 1 специјално ПП возило, 6 вработени во ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија.
Пожарот кој се појави 15.07.2024 година над Радовиш кај с.Штурово, е под контрола. Интервенирале ТППЕ Радивиш со 8 пожарникари 1 ПП возило и 2 теренски возила на, 15 припадници од АРСМ, а од ЈП НШ „Плачковица“ 10 вработени. Интервенирано е со српскиот хелихоптер во три налети и полицискиот хелихоптер со 1 налет. Дел од екипите постепено се повлекувале од теренот како намалувал денот. Гори сува трева, бор, деградирана шума и даб. Зафатена е површина од 150 – 200 хектари (неофицијално).
Шумскиот пожар над с.Бадилен општина Ново Село се уште е активен. Зафатена е дабова и борова шума на површина од околу 700 хектари. Во текот на денот дејствуваа ТППЕ Струмица со 4 пожарникари со 1 теренско возило, ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ 4 вработени со 1 теренско возило, 6 полицајци од специјална единица, 1 гранична полиција, 2 шумска полиција и 3 од Итна медицинска помош. Околу 15.30ч. пределот на село Бадилен беше зафатено со дожд и со тоа се зголемува можноста за негово гаснење. Денеска сабајле од ЕЛС Ново Село и од ТППЕ Струмица повторно излегуваат на терен – за контрола.
Пожарот кај селата Долни и Горни Липовиќ, Општина Конче нема активно горење. На теренот контролираа 2 вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Плачковица“, 2 од ДППД Горица. Денеска, сабајле од подружница „Плачковица“, се повторно во контрола.
Пожарот на запалена сува трева и ниви помеѓу селата Вељуса и Ангелци е ставен под контрола. Зафатена е голема површина, но не можат да потврдат колку. Интервенираат со 3 ПП возила, 3 џипа и со повеќе од 30 пожарникари од ТППЕ Струмица и од Ново Село. ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни. Од СВР Струмица се испратени значителен број полицајци. Екипите биле до доцна на терен. Утрово, по извидувањето и контролата ке се одлучи како ќе се дејствува.
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на подрачјето на Општина Чашка се сеуште активни. Информациите говорат дека и покрај дејствувањето на двата хеликоптера и екипите од земја, пожарот помеѓу селата Долно Јаболчиште и Дреново остануваат активни.
Пожарот кај с.Габровник од страна на ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, е делумно локализиран, а од страната на с.Мокрени е активен и се наоѓа во подрачје со густа вегетација и непристапен терен. Загрозеност по населени места за сега не постои. Од страна на градоначалникот на Општина Чашка поднесено е барање за повторно активирање на воздухоплови за двата активни пожари.
-Пожарот кај с. Подлес е се уште активен. На пожарот интервенирале 15 пожарникари и 6 вработени од подружница „Бабуна“.
Пожар настанат на отворен простор на 17.07.2024 година во 10.20 часот во атарот на с.Сирково е изгаснат и во вечерните часови повторно е активиран и се проширува кон с. Мрзен Ораовец и с. Крушевица. Гори ниска вегетација, ниско стеблеста шума и сува тава. Во текот на денот интервенирале: ТППЕ Кавадарци со 4 пожарникари и 1 ПП возило, 25 припадници на ЕБР од МВР, месно население и ловџии, 2 булдожера и 2 цистерни и 1 теге од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, еден булдожер на „ЈАМИ“ ДООЕЛ Кавадарци, и еден скип од ЈПКД Росоман. Од воздух се дејствувало со 3 воздухоплови.
Пожарот кај с. Мрзен Ораовец е со намален интензитет и се прават напори огнот да не премине во друг правец и доста сили и ресурси во моментот се пренасочени кон с. Крушевица.
Активни пожари на територијата на Општина Неготино се на планината Серта во атарот на село Пештерница на место викано Горни Промет и во атарот на село Калањево на место викано Дуњица. Гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки.
На Серта се ангажирани армиски сили, пожарникари од ТППЕ Штип и од Македонија пат.
На пожарот кај с.Калањево ангажирани се локални ресурси од страна на Кризниот штаб Неготино:
– ТППЕ Неготино 10 пожарникари со 2 цистерни;
– ЈП Комуналец Неготино 7 вработени со 2 цистерни, 2 скипа;
– Ловно друштво „Вардар Неготино“ со 10 лица;
ЈП Комуналец Кавадарци 3 вработени со 2 цистерни;
– ЈП Македонија пат со 10 вработени, 1 грејдер, 1 скип, 10 моторни пили и 1 гасеничар;
– приватен сектор со 1 возило Бенто;
– Полициска станица Неготино 10 вработени со 1 дрон и
– ЈП „Национални шуми“ од Демир Капија 10 вработени;
Во гаснењето на пожарот кај с.Калањево, вчера, во претпладневните часови беа вклучени 2 хелихоптера.
РЦУК – Штип, известува дека реонот на Серта има повеќе пожари и тоа:
Кај село Пиперово интервенирано е со 9 пожарникари, вработен од РЦУК Штип и 4 од локалното население со 2 џипа. Пожарот е сеуште активен.
Помеѓу село Селце и село Пухче интервенирано е со 16 пожарникари со 3 ПП возила од ТППЕ Штип, 2 пожарникари со 1 ПП возило на ТППЕ Пробиштип, 1 вработен од РЦУК Штип со 1 џип и 5 лица од локално население. Пожарот е сеуште активен.
Екипите на ТППЕ се повлекуваат до наутро. Ќе има оставено по неколку лица за да ја надгледуваат состојбата.
Од ЈКП „ Брегалница“ Делчево известуваат дека пожарот на градската депонија кој започна на ден 14.07.2024 година е се уште активен, односно дека тлее-гори во внатрешноста на депонијата. На теренот има стражарска служба на ЈКП-Брегалница. (Општина Делчево)
Ангажирани ПП воздухоплови – национални ресурси и од меѓународна помош
Хеликоптери за гаснење пожар::
– 2 хеликоптера на Полицијата „бел“ 417
– 2 хеликоптера на Армијата „Ми“ 17
– 1 хеликоптер меѓународна помош од Турција
– 1 хеликоптер меѓународна помош од Црна Гора
– 2 хеликоптера меѓународна помош од Словенија и
– 1 хеликоптер на Србија.
Авиони за гаснење пожар:
– 3 авиони „ер-трактор“ на ДЗС
– 2 авиона „ер-трактор“ меѓународна помош од Турција
-1 авион „канадер“ од меѓународна помош од Хрватска
-1 авион „спартан“ што исфрла „бомби“ со вода (вкупно околу 5 тони) и еден „херкул“ како придружба – меѓународна помош од Р.Романија
Човечки ресурси, денеска на терен, од армијата и полицијата:
– 103 војници од Армијата од Штипската касарна, и
– 30 припадници од специјалните сили од ЕБР
Покрај набројаните човечки ресурси, на терен се и пожарникари од ТППЕ, од Национални шуми, од доброволни ПП друштва, од општински јавни претпријатија, од здруженија на граѓани (планинари, ловци), а и и мештани коишто помагаат во одредени реони за гаснење на пожарите на отворено.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]