(МАПА) Моментална состојба со пожарите на отворено во Македонија – Информација на (ЦУК)
Центарот за управување со кризи информира дека имаше вкупно 16 пожари во последното деноноќие, од коишто изгаснати се 13, а два се уште се активни и еден е под контрола.
Двата активни пожара на отворено се:
кај с.Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитено повеќенаменско подрачје “Јасен” од посебно значење за државата, во правец кон месноста „Одделувачи за струја“. Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од 4 пожарникари на ТППЕ, осум (
вработени од „Јасен“, и еден (1) вработен од ЕЛС, каде што гори борова шума и на

планината Серта Општина Штип, кај Криволак во правец кон с.Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“ , каде што гори ниска вегетација.
ЦУК информира дека под контрола е еден (1) пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с.Слоештица и с.Брежани и с.Плаќе. Дејствуваа од воздух, два (2) „ер трактори на ДЗС, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП „Национални шуми, каде што гори ниска вегетација.
Изгаснати се 13 пожари на отворено во последното деноноќие во општините:
Студеничани кај с. Горно Количани (3 ТППЕ 2 НШ)( нискостеблеста шума);
Крушево, кај с. Алданци (4 ТППЕ)(ниска вегетација);
Струмица 1, покрај ул. „Снадо Масев“ (3ТППЕ)( напуштени простори);
Струмица 2, кај с.Просениково (3 ТППЕ)(ниска вегетација);
Василево, кај с. Пиперево (6 ТППЕ)(ниска вегетација);
Дебар, кај с. Броштица (2 ТППЕ)(нискостеблеста дабова шума);
Кичево кај с. Србица м.в. „Маркулија“ (8 ТППЕ)(стрниште);
Куманово, кај с. Агино село ( 2 ТППЕ) (ниска вегетација и стрниште);
Старо Нагоричане, кај с. Жеглане (2 ТППЕ)(стрниште);
Виница (6 ТППЕ) (помошна просторија);
Делчево кај Делчево (1 лице)(градската депонија);
Јегуновце, кај с. Шемшово (15 ТППЕ)(плевна) и во
Брвеница, кај с. Чолопек и с.Милетино (3ТППЕ)(ниска вегетација).

Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]