МАКСИМУМОТ НА ТОПЛОТНИОТ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ДОСТИГНАТ: Денес се измерени максимални 29 степени
Денес го имавме најтоплиот ден во Македонија за време на овој поранет летен топлотен бран од Африка. Највисока температура од 29 степени е измерена во Битола.
На табелата подолу можете да ги погледнете и денешните максимални температури измерени низ Македонија во 17 часот, и тоа на мерните станици на (УХМР)

Од утре ќе имаме мал пад на температурите на воздухот, а исто така утре претпладне ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд, особено во северозападните предели од државава. И утре ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од југозападен правец.
Засега нема на повидок некоја поголема промена на времето, што значи дека продолжува претежно стабилното, суво и топло време, и покрај тоа што од утре температурите преку ден ќе бидат малку пониски.
Насловна фотографија: Patuvanja.mk
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by