МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ДЛАБОК ЦИКЛОН ОД ЏЕНОВА: Овој викенд очекувајте силен јужен ветер, а потоа и валкан дожд!
Под влијание на циклон со центар над Џенова, за време на овој викенд ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час).
Облачноста ќе се зголемува и во текот на оваа ноќ најпрвин во западните предели, а утре во најголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд и локално тие ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи.
Поради изразеното јужно и југозападно воздушно стриење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.
Исто така Биометеото ќе биде многу неповолно, што значи дека кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.
Во Скопје и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре ќе има врнежи од дожд кој повремено ќе бидат пообилни.
Што се однесува до температурите, тие остануваат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени. Опаѓање на истите се очекува во текот на следната седмица, но и понатаму ќе бидеме далеку од она вистинско зимско време како што си личи за овој период од годината.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]