МАКЕДОНИЈА ЈА ОЧЕКУВА ГОЛЕМА ВРЕМЕНСКА АНОМАЛИЈА: Ќе имаме невообичаено топло време за овој период од годината!
Под влијание на поле на висок воздушен притисок (Антициклон) и продор на значително потопла воздушна маса од југ, во следните шест до седум денови во нашата Република Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со невообичаено високи температури на воздухот за овој период од годината. Во постепен пораст ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите места низ нашата Република Македонија, а тоа е стабилно, суво и невообичаено топло време за овој период од годината, проследено со многу сонце.
За време на овој период повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Со оглед на тоа дека во следниот период и нашата Македонија ќе има голема временска аномалија, а тоа значи дека температурите ќе бидат за десеттина степени повисоки од вообичаените за овој период од годината. Максималните дневни температури кај нас во следните шест до седум денови ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени. Во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 21 степен
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by