Македонија го живее максимумот на топлотниот Африкански бран!

Денес (четврток 26 јуни) нашата Република Македонија го живее максимумот на топлотниот бран од југ, односно од Африка. Времето е многу топло и сончево со појава на мала локална облачност, а дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Најтопло попладнево е во Скопје Петровец  и во Гевгелија со измерени 40 степени.

На метеоролошката карта можете да ги погледнете измерените температури попладнево низ Македонија. Може да се види дека речиси насекаде температурите изнесуваа околу, па  и над 35 степени. Исклучок се повисоките планински места каде температурите се за неколку степени под 30 степени.







Занимливости