Македонија да се навикне на честите врнежи од дожд – Ако вака останат работите, доаѓа и првиот снег во градовите!
Во Македонија продолжува серијата на влажни воздушни бранови кои доаѓаат од Атлантикот.
Нови врнежи кај нас се очекуваат веќе од петок, па за време на викендот и повремено тие ќе бидат обилни и локално проследени со појава на грмежи, како и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец.
На високите планини (над 2000 м.н.в повремено ќе има врнежи од снег). Не се исклучува можноста повремено снежната граница во западните и во северозапдните предели да се спушти и под 2000 метри.
Во петок и во сабота на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Локално до самиот крај на оваа седмица повторно ќе наврне значително количество на воден талог, и тоа нови над 30 л/м2 воден талог. Инаку со последниот влажен воздушен бран од Атланикот, најмногу дожд кај нас наврна во Дебар, и тоа 38 литри дожд.
И во Скопје и околината од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и проследени со засилен ветер од јужен правец.
Температурите во следниот период ќе бидат пониски и тоа поради продорот на постуден воздух од север, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Минималните температури пак ќе бидат исто така се пониски и на многу места ќе се спуштаат до околу, па и под 5 степени, а понекаде, особено во Малешевијата тие ќе се спуштаат и до околу -2 степени, со што го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона, не само во Малешевијата, туку и на други места низ Македонија.
Ако вака останат работите, уште поголемо заладување на времето кај нас ќе има околу 20 ноември, и тогаш освен на повисоките места и на планините, снег се очекува и во градовите во Македонија. Состојбата постојано ќе ја следиме, со што граѓаните навремено ќе бидат информирани околу ова, и околу евентуална ново настаната временска состојба.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]