МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН – ЌЕ ИМА НОВИ ВРНЕЖИ!

До крајот на оваа недела и тоа под влијание на циклонска активност од запад, како и на серија влажни воздушни бранови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Снег ќе врне само на највисоките планини а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите иако пониски, сепак ќе бидат и понатаму релативно над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени.

Во Скопје и околината продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточн правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!