МАКЕДОНИЈА НА УДАР НА ЈУЖНО СТРУЕЊЕ НА ВИСИНА КОЕ ЌЕ УСЛОВИ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ЗИМСКО СЦЕНАРИО НЕМА НА ВИДИК!

Претежно облачното време и понатаму продолжува во Македонија. Повремено ќе има појава и на сончеви периоди а утре и тоа особено во западните предели ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд. Снег ќе провејува само на највисоките планински места.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот утре, како и во текот на следната седмица повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, како утринските така и дневните и максималните дневни температури особено во текот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет а температурата ќе се искачува до околу 12 степени.

НАПОМЕНА: Натпросечно високите температури на воздухот кој ќе ги имаме наутро и преку ден се резултат на јужното воздушно струење кое е, и ќе биде присутно во Македонија во следниот период.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!