Мачно и спарно време: Сахарска прашина и песок има над Македонското небо
Денешниот ден 4-ти март 2026 среда во Македонија помина во знакот на натпросечно топло и стабилно време без врнежи со сончеви периоди и со појава на умерена облачност. Времето исто така беше мачно и спарно и тоа поради песокот и прашината кои се присутни во воздухот и ни доаѓаат од Сахара. Можевме денес да забележиме дека атмосферата е заматена и нечиста.

Температурите пак на многу места во Македонија денес се искачија или надминаа 15 степени а во Повардарието и во југоисточните предели тие се искачија до речиси 18 степени.
Ваквото мачно и спарно време особено негативно се одразува врз метеопатите каде се можни поизразени здравствени проблеми.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by