ЛОКАЛНО СЕ ОЧЕКУВА НЕСТАБИЛНОСТ, ПРОСЛЕДЕНА СО ПОРОЕН ДОЖД, ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ!
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, во следните часови, како и утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено на југоистокот од државава, каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.
Локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. И во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Потоа во петок и во сабота ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека од недела па натаму повторно следува период на нестабилно време, проследено со попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Долготрајна стабилизација на времето, како и вистинска пролет засега нема на видик во текот на овој месец.
Температурите малку повисоки ќе бидат во петок и во сабота и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека од недела, па во текот на следната седмица истите повторно ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината.
Да напоменеме дека локално можна е појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на суградица и на град.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by