ЛОКАЛНО ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ, ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР И ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ -10 СТЕПЕНИ! ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ТОЧНО НЕ ОЧЕКУВА ОД ВРЕМЕТО ПОНАТАМУ
Под влијание на СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од север, во следните денови ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Само денес ќе биде претежно облачно со повремени локални послаби врнежи од дожд и снег на пониските и само снег на повисоките места и на планините.
Во некои од пониските предели (градови) и понатаму ќе има услови за појава на мокар снег (лапавица).
Денес попладне и навечер, како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, особено за време на викендот како и во првите денови од следната недела. Истите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени а на високите планинските места температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени, што значи студено ќе биде и преку ден.
Во Скопскиот регион исто така има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Денес попладне и навечер како и утре ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу –2 и 1 степен, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во овие попладневни часови во нашата Република Македонија имаме појава на умерена облачност, а понатаму во следните часови ќе има и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Инаку, температурите и не се воопшто високи како што доликува за овој период од годината, напротив, тие и понатаму се потпросечни за овој период од годината. На метеоролошката карта [...]