Ледениот бран на Балканот доаѓа за време на овој викенд – Се очекуваат дожд, снег и силен ветер!

објавено на:

15 Ное 2023

од:

сподели:

Најавениот леден бран на Балканот и во Македонија ќе пристигне за време на овој викенд, кога температурите значително ќе се намалат. Сето ова ќе биде проследено и со врнежи од дожд и снег планините и таму се очекува формирање на снежна покривка.

Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено силен ветер од северен правец, а на Јадранот силна Бура (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).

Кај нас во Македонија пообилни врнежи ќе има во петок во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота. Во сабота пак врнежите ќе бидат значително послаби и локални.

На планините ќе има врнежи од снег, а снежната граница во сабота ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што сосема слабо и локално провејување на снег ќе има и во повисоките градови, но тоа ќе биде ретка појава.

Од недела наутро температурите на воздухот на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата, со што на многу места го очекуваме  и првиот мраз за оваа сезона. За време на викендот студено ќе остане и преку ден, и тогаш максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

И во Македонија за време на викендот ќе биде многу ветровито, односно ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (локално и повремено со брзина до околу 80 км/час).

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости