Ладно утро во Македонија, започнуваат и се шират и врнежите од дожд

Денешното утро во нашата Македонија ни донесе облачно и ладно време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Од запад  и од југозапад во нашата Македонија се прошируваат врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер и тоа во Повардарието од југоисточен а во западните предели од источен и од североисточен правец.

На табелата можете да ги видите измерените минимални температури по градови и места во нашата Македонија до 8 часот утринава, како и наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости