Ладно утро во Македонија: На повеќе места температурите беа минусни
Денешното утро четврток 26 февруари 2026 во Македонија беше ладно и претежно ведро со мала локална облачност. Немаше некој изразен ветер во текот на денешното утро. Најладно до 7 часот утрово беше во Берово со измерена најниска минимална температура на воздухот од -4 степени.

Во исто време највисока минимална температура од 4 степени беше измерена во Штип. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури до 7 часот утрово по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by